Али Ахмети секогаш протестира за себе и своите интереси, ова е одговорот на политикиот аналитичар Љуљзим Фаризи во дебатата во емисијата „Колегиум“ на Алфа посветена на денешните пресуди на Хаг за раководството на ОВК и можните последици од нив на Балканот и во Македонија.

На прашањето на новинарот Љупчо Цветановски, дали Ахмети протестираше за водачите на ОВК или за себе, бидејќи од една страна и нему му тежат Хашките случаи, а од друга рејтингот во Македонија му е во слободен пад, односно дали протестираше во Приштина за „другите“ или за себично за себе, Фаризи е дециден:

-Тој секогаш протестира за себе. Тоа е јасно. Втор момент, тој протестира цело време откако ги изгуби изборите во 2024-та година, односно откако стана дел од опозицијата. Цело време тој се шалта од Приштина во Тирана, а и тука се обидуваше, ако се сеќавате преку студентите, да ги мотивира да протестираат. За иститие тие случаи на Косово биле испитани многу лидери, меѓу кои, да не заборавиме и Ахмети, кој тогаш 3-4 дена беше во Приштина, но немаше обвинение против него. Но има една иницијатива во нашата држава, односно во Уставниот суд и моето мислење е дека пресудите на Хаг на Косово ќе го прејудициртаат и она како ќе оди постапката во нашата земја, бидејќи ако тие се осудат таму, тогаш хипотетички можат да се отвори и тука една паралена друга постапка. Мислам дека како и да е, што и да се реши, таа постапка кај нас еднаш за секогаш мора да заврши, дали ќе ги затвориме тие случаи или еднаш за секогаш ке ги отвориме па ќе ги затвориме еднаш за секогаш. Ние не смееме да бидеме заложници на минатото.

Фаризи смета дека на Ахмети повеќе ќе му одговара ослободителнапресуда за раководството на ОНА на Косово, нешто со што и тој би бил сигурен од натамошен прогон, но и поради тоа што во тој случај ќе следува рехабилитација на Хашим Тачи, кој е негов сојузник, наспрема сегашната влада во Приштина која е поблиска со противничката ВРЕДИ.