Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е постигнат напредок за отворање на американска воена база во Полска, благодарение на „смелото водство“ на полскиот претседател Карол Навроцки.
– Доколку се случи ова, локацијата ќе биде објавена многу наскоро. Ова ќе биде историски чекор за големиот сојуз помеѓу САД и Полска, објави Трамп на „Трут соушл“.
Полска, по руската инвазија врз Украина во 2022 година, се залага за зајакнато сојузничко присуство на источното крило на НАТО.
Полскиот министер за одбрана Владислав Кошчињска-Камиш, по средбата со американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во јуни, изјави дека Министерството за одбрана на САД е отворено за предлогот на Полска за трајно американско воено присуство во земјата.




