Од Клиниката за детски болести објавија дека уште едно дете ја победило тешката болести и заминува дома. Победничкото ѕвонче повторно одекна, а малиот Ефнан поздравен со аплаузи надвор од болничките простории ќе му се радува на детството.

-Нова радосна вест од Клиника за детски болести. Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот херој ЕФНАН храбро ја помина и ја освои тешката битка. На ЕФНАН му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство, обајвија од Детската клиника.