Шкендија по двата ремија повторно се врати на победничките патеки, совладувајќи го Башкими во Гостивар со резултат 4-1 во натпреварот од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Шкендија го започнаа мечот со силен ритам и рано поведоа во 15 минута преку Ндзенгуе, по асистенција на Тамба. Башкими успеа да израмни во 40 минута, кога Рибеиро од слободен удар ја испрати топката во шеснаесетникот, а Фатих Исмаили најдобро се снајде и погоди за 1:1.

На стартот од второто полувреме, во 46 минута, Трумчи продре од десната страна и додаде до Красниќи, чиј удар беше одбранет од голманот, но Кријезиу ја следеше акцијата и донесе нова предност за Шкендија (2:1). Во 51 минута Јонузи ја погоди стативата и беше блиску до израмнување, но среќата не беше на страната на Башкими.

Во 71 минута Тамба повторно се најде сам во шеснаесетникот и реализираше за 3:1, а конечниот удар го зададе Трумчи во 87 минута, кога по акција од левата страна голманот ја одби топката пред Тамба, но Трумчи беше на вистинското место и ја испрати во мрежата за 4:1.

Ефикасна и доминантна партија на тетовци, кои ја потврдија својата сила во нападот, додека Башкими покажа дека е тим во подем и може да биде сериозен предизвик за секој противник.

Шкендија е на првото место на табелата со 19 бодови, додека Башкими се наоѓа на деветтото место со четири.

Фудбалерите на Силекс и Тиквеш денеска во рамките од осмото коло во Првата македонска лига одиграа еден тврд натпревар без голови (0:0) и без шанси на стадионот во Кратово.