Во тек е голема полициска акција на подрачјето на Скопје – Чаир, Тетово и Гевгелија, насочена кон разбивање на криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и коруптивни кривични дела.

Првично и неофицијално 6 лица се уапсени, се трага по уште неколкумина, (меѓу нив има и лица вработени во Царинската управа). Полицијата тресе на повеќе од 10-тина локации низ гореспонатитр градови.

Во Скопје и Тетово при претрес во правниот субјект пронајден е магацин со различни медицински лекови и машина за екстракција на масло.

Полицијата преку Одделот за сузбивање на организиран криминал при БЈБ – МВР постапува по сомненија за криумчарење, повреда на права од индустриска сопственост, давање и примање поткуп и перење пари.