На 20/21.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(39), С.М.(27), С.Џ.(45) и 17-годишник, сите од Скопје, како и Л.К.И.(20) од Германија.

Приведени се затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.