Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, синоќа во Брдо-Крањ, Словенија, присуствуваше на прием организиран од неговиот словенечки колега, Валентин Хајдињак.


-Глобалните предизвици бараат јасна и практична одбранбена соработка. Зацврстувањето на одбранбените односи со земјите од Централна Европа е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност, стабилност и сигурност, посочи Мисајловски.


Македонскиот министер за одбрана порача дека остануваат посветени на конкретни чекори и силна соработка за посигурен и постабилен регион.


Приемот на кој учествуваше Мисајловски беше организиран во рамки на состанокот на министрите за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC.




