Праправнуката на генерал Шарл де Гол, Виржини де Гол е на листата на ултрадесничарскиот Национален собир (РН) за престојаните избори за францускиот Сенат.

– Разбирам дека на прв поглед тоа може да биде малку изненадувачко, наведе Виржини де Гол, додавајќи оти Националниот собир не е иста партија со Националниот фронт, која во 2018 година го смени името во РН.

Таа истакна дека лидерката на РН, Марин Ле Пен се дистанцирала од нејзиниот татко Жан-Мари ле Пен.

Националниот фронт е формиран од поранешни членови на француските полициски сили кои соработувале со нацистичкиот окупатор и се залагаа за француски Алжир. Жан-Мари Ле Пен беше позната по своите контроверзни изјави, меѓу другото за гасните комори и за расна нееднаквост, за што беше осудена во неколку наврати.

Листата на која се кандидира Виржини де Гол ја предводи Мари-Каролин Ле Пен, постарата сестра на Марин Ле Пен. Не е прв пат потомок на Шарл де Гол да застане на страната на екстремната десница. Шарл де Гол, внук на поранешниот француски претседател, беше втор на листата на Националниот фронт, зад Жан-Мари Ле Пен, на европските избори во јуни 1999 година. Потоа беше избран за член на Европскиот парламент.