Во 1.561 училиште во Бугарија денеска не се учи поради епидемија на грип. Тоа го соопшти Министерството за образование.
Од денеска на одмор се ученици во 61 училиште во областа Монтана и од 32 училишта во областа Враца.
Продолжува да не се учи во 267 училишта во Софија, во 124 во областа Благоевград, во 105 во областа Плевен и 41 во областа Ќустендил.
Поради епидемија на грип на одмор се ученици од областа Варна, Пазарџик, Хасково, Видин и други.