Во однос на цените на дизелот платформата fuel-prices.eu/live, Македонија со просечна цена од 1,699 евра има најевтин дизел.

Турција има цена од  1,714 евра за литар дизел, Молдавија (1,828), Босна и Херцеговина (1.892), Црна Гора (1,900), Хрватска (1,921), Србија (2,010), Словенија (2,031 евро), Грција (2,229).

Од европските земји и Шпанија има меѓу пониските цени на дизелот 1,930 евра.

Во Данска се точи најскап дизел во Европа. Таму литарот чини 2,532 евра. Во Франција дизелот се точи за  2,387 евра, а во Италија за 2,345 евра.

Во Велика Британија дизел има цена  2,307, бензинот 2,019 евра.

За Европа алтернативите се скапи, а изгледите за поевтини горива се лоши 

Врз цените на горивата големо влијание во текот на изминатите месеци има кризата на Блискиот Исток која почна во февруари, но и напорите на Еврпската Унија да се придржува кон санкциите кон Русија кои предвидуваат целосно ослободување од руските енергенси.

Дополнителен притисок врз цените на горивата во Европа предизвикува и најавата на претседателот на САД Доналд Трамп дека ќе го запре извозот на дизелот на 90 дена.