Енергетската заедница го потврди напредокот на Македонија – инсталираните капацитети од обновливи извори растат побрзо од планираното, соопшти попладнево министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Како што нашиша Божиновска на својот фејсбук профил, целта за 2030 година е 38 отсто удел на обновлива енергија во бруто финалната потрошувачка.

-Продолжуваме со развој на домашното производство на чиста енергија, порача министерката.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини попладнево информираше дека Секретаријатот на Енергетската заедница нотира силен раст на обновливата електрична енергија во Македонија и оценува дека земјата може да остане во рамките на обврзувачката цел за финална потрошувачка на енергија до 2030 година, доколку се одржат сегашните напори.

фото: архива