Европската Унија се соочува со криза на цените на енергијата предизвикана од последиците од војната со Иран врз пазарите на нафта и гас, предупреди денеска комесарот за енергија на ЕУ во писмо, повикувајќи ги земјите да разгледаат мерки за намалување на побарувачката на енергија.
„Се соочуваме со криза на цените што е поврзана со криза во снабдувањето“, изјави комесарот за енергија на ЕУ, Дан Јоргенсен, во писмо упатено до министрите за енергија на земјите-членки на ЕУ.
Иако ЕУ е подобро подготвена сега отколку што беше во зимата 2021 година, кога Русија го ограничи снабдувањето со гас во Европа со намалување на испораките, владите мора да ги засилат подготовките за претстојната зима, истакна тој. (МИА)




