Просечната цена на купено обработливо земјиште во Хрватска лани изнесуваше 6.723 евра по хектар, што е за 758 евра повеќе од претходната година, според податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС), јави Хина. Статистиката, исто така, покажува дека во 2025 година, просечната цена на купени пасишта се зголемила за 2.859 евра на 6.893 евра по хектар, додека просечната цена на купените ливади била 4.280 евра по хектар, што е за 1.198 евра повеќе од претходната година.
Податоците се собираат исклучиво за земјоделско земјиште што се користи за земјоделски цели. Од Заводот за статистика објаснуваат дека податоците за цените на купено земјиште се добиени врз основа на расположливите административни извори на Министерството за финансии – Даночна администрација, и дека податоците се собираат исклучиво за земјоделско земјиште што се користи за земјоделски цели. Како што наведоа, вредностите на сите објекти на земјоделско земјиште и трансферите меѓу роднини се исклучени од цените.




