Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, вечерва во гостување на Сител, на прашањето дали некои нејзини предлози биле одбиени во СДСМ во периодот откако Венко Филипче е претседател на партијата, рече дека прашањето не го гледа како лична конфронтација, туку како прашање за начинот на функционирање на партијата.

Но Петровска и претходно јавно се изјаснуваше спротивно на одредени ставови и политики на Венко Филипче па посочи дека не може СДСМ како политичка партија, според неа, не може да нема став за важни општествено-политички прашања, ниту пак нејзиното раководство да се појавува само периодично, без притоа да се соочува со внатрешните проблеми.

„Не зборувам дека моите предлози не биле прифатени. Не станува збор за персонализација на партијата. Партијата не е ничија сопственост. Таа постоела и таа ќе постои. И нема сила што ќе ја згасне оваа партија, па токму некој да сака и да ја држи окупирана и узурпирана“, рече Петровска.

Со ова, Петровска повторно го отвори пред цела јавност прашањето за внатрепартиската состојба на СДСМ и начинот на кој партијата функционира со Филипче, но и укажа дека сега се руши угледот и се квалификува СДСМ како криминална партија, дека впечатокот во јавноста за изборните порази на СДСМ е корупцијата.

-Кога голем дел од луѓето кои седат во пратеничката група, па и дел од раководството, биле дел од тоа седумгодишно владеење на извршната власт, без разлика кој бил премиер. А при тоа, перцепцијата кај граѓаните е дека вие сте тие кои што се огрешиле. Прво нешто што треба да се направи е да се врати кредибилитетот или угледот дека ние не сме корумпирана партија и дека партијата не ја водат корумпирани луѓе, порача Петровска.