Денеска, во пресрет на 22. Европски самит во Салцбург, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина „Св. Архангел Михаил” во Халејн, Република Австрија.

Пред црквата „Св. Антониј”, најпрво ја поздравија најмладите членови на македонската заедница, облечени во македонски носии.

Таа ги информираше за Националната стратегија за дијаспора и за Советот за дијаспора, за активностите врзани за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, а тие ја запознаа со работата и животот, изразувајќи задоволство од односот на австриската држава и општество кон нив.

Гордана Сиљановска-Давкова

Посебна благодарност изразија кон Маркус Данер, раководител на Парохискиот сојуз на Халејн за можноста да го користат просторот на Католичката црква за вршење на своите верски обреди.

Сиљановска-Давкова помина незаборавни мигови во друштво на нашинците и на благородниот католички свештеник Маркус, посакувајќи да создадеме услови за нивно враќање во татковината.