Поминаа 11 недели од труењето во Гостивар. Поминаа недели откако беше објавено дека во 50 населени места ширум Македонија водата не е исправна за пиење, пишува во денешното соопштение на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Единаесет недели нема извештај, нема одговори, нема одговорност. Нема одговор кој ги загади реките Лепенец и Вардар.

Криминалната власт на Мицкоски не може чиста вода да обезбеди за граѓаните, а турка пет нови рудници, антимон, дата-центри.

Пет нови рудници во Нацрт-просторниот план.

Иловица-Штука, Казандол, Плавица, Кадиица, Луке, планирани геолошки ископи и на планината Кожув.

Меѓу нив и рудник за антимон, метал за воена индустрија. Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата. Во близина на стари рудници во светот почвата и водата со години остануваат отровни. Се врзуваат често и со арсен. Штетно за белите дробови, црниот дроб, кожата, срцето.

И дата-центрите им се веќе договорени, компанија објави дека добила пристап до 100Mw струја и до реката Вардар.

Под радарот и далеку од очите на граѓаните, арамијата Мицкоски ги става во ризик водата и земјата на штета на здравјето на луѓето.

Приоритетите на Мицкоски се бизнис-интересите, провизиите, профитите.

Бараме стопирање на просторниот план. СДСМ ќе се спротивстави на оваа криминална распродажба на штета на народот.

Македонија не е на продажба!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ