Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека одобрението на САД за изградба на првата јужнокорејска подморница на нуклеарен погон претставува „опасен развој“ што внесува дополнителна политичка и воена нестабилност во регионот.

Официјален Пјонгјанг, одлуката за изградба на јужнокорејска подморница на нуклеарен е дополнителен доказ за „радикално нуклеарно зголемување“ од страна на САД преку Договорот АУКУС, што води кон „уривање на меѓународниот нуклеарен поредок“.

Јужна Кореја планира да ја лансира својата прва подморница на нуклеарен погон до средината на следната деценија во рамките на нова програма насочена кон спротивставување на заканите од Северна Кореја што вклучуваат нуклеарно оружје и ракети лансирани од подморници.

Планот за јужнокорејската нуклеарна подморница беше координиран со Вашингтон според договорот постигнат меѓу двата сојузници минатата година.