Пожар избувнал синоќа на гасовод меѓу областа Аш Шола и Деир ез Зор во Сирија, по експлозија на вентил во системот, соопшти сириската државна нафтена компанија.

Сириските медиуми пренесуваат соопштение од нафтената компанија во кое се наведува дека инцидентот најверојатно е последица на саботажа.

Пожарот го прекинал снабдувањето со гас од постројката за преработка на гас „Џејбиса“ до електроцентралите, соопшти компанијата.

Противпожарни екипи го изолирале подрачјето од двете страни на местото на пожарот и го гаснеле огнот додека не се опаднал притисокот на гасот во системот.

МИА