Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Словенија, а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави официјално известување и логистички детали за сите наши навивачи кои се присутни во Љубљана.

Централното збирно место за македонските фанови денес е лоцирано кај познатите Трите моста во самиот центар на градот.

Според планот, точно во 18:45 часот од фан зоната организирано ќе се тргне пеш кон локацијата предвидена за превоз. Оттаму, фановите ќе бидат преземени од три автобуси кои директно ќе ги превезат до стадионот „Стожице“ и до секторот наменет за гостинските навивачи.