Британскиот премиер Енди Барнам денеска изјави дека Лондон треба да разгледа различни опции за долгорочен однос со Европа, вклучително и евентуално враќање во ЕУ.

– Можеме да останеме таму каде што сме. Тоа е секако една можност, ако луѓето мислат дека ова е добро место за престој. Можеме да погледнеме што рече Џорџ Озборн за царинската унија. Можеме да погледнеме што кажаа либералните демократи на нивната конференција за единствениот пазар и можеме да одиме до крај, наведе Барнам.

Тој додаде дека опциите треба да се оценуваат во однос на „што е изводливо“ и кои се предностите и недостатоците на секоја од нив.

Поранешниот британски министер за финансии Озборн се залагаше за влез на Велика Британија во царинска унија со ЕУ, додека либералните демократи повикаа на враќање на земјата на европскиот единствен пазар.

Велика Британија во 2016 година излезе од ЕУ, а изминатиот период Лондон се обидува да ги обнови врските со Европа.