Нашиот став спрема тоа прашање сме го кажале многу пати досега, и немам што да додадам на тоа што сум го кажал и незнам дали понекогаш треба да се коментира ставот на опозицијата, кој што секој ден е порадикален и личи како да се дојдени од некоја „Али Експрес“ испорака од некоја друга опозициска партија, и не би сакал да го коментирам тој дел од опозицијата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата на опозицијата за кочење на европскиот пат на Македонија.

-Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни. Ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и да на крајот од денот најдеме решение, дециден е премиерот Мицкоски.