УЕФА делегира француски судии за натпреварот меѓу Македонија и Шкотска во рамките на Лигата на нации.

Главен судија на натпреварот ќе биде Франсоа Летексие од Франција, арбитар кој го судеше финалето на Европското првенство во 2024 година.

Негови помошници ќе бидат Сирил Муние и Мехди Рамуни, исто така од Франција. Улогата на четврти судија ќе ја извршува Гијом Паради, додека во ВАР-собата ќе биде Белгиецот Брам Ван Дрисше. Асистент ВАР судија ќе биде Французинот Матје Вернис.

За судиски набљудувач од УЕФА е назначен Стефано Подески од Сан Марино, а делегат на натпреварот ќе биде Адријан Иксари од Молдавија. Средбата од Б групата ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во сабота со почеток од 20:45 часот.