Македонскиот ракометен тим Вардар на 8 октомври го пречекува полскиот тим Висла Плоцк во натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите.
Средбата ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 20,45 часот.
Билетите за натпреварот се пуштени во продажба.
Цените на билетите се: – Блокови A1, A2, A3, A4, A5 и A6 – 600 денари – Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 11, 12, 13, 14, 15 и 16, како и блок G – 500 денари – Блокови 1, 2 и 9, како и блок A – 400 денари
Продажбата ќе се врши преку Vticket – https://vtickets.mk/event/rk-vardar-orlen-visla-plock/237 и директно во фаншопот во СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот, а во сабота од 10 до 15 часот.
Вардар ги замолува сите навивачи кои ќе присуствуваат на натпреварот да пристигнат навреме во СЦ „Јане Сандански“, со цел да се избегне создавање метеж на влезот во салата.




