Пожар на отворен простор избувнал под селото Раштак, на границата меѓу териториите во надлежност на општините Гази Баба и Бутел.
Центарот за управување со кризи соопшти дека опожарени се висока сува трева и нискостеблеста шума.
-Екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се известени и се упатени на терен за интервенција, велат од ЦУК.




