Ракометарите на Алкалоид многу потешко од очекувањата стигна до победата во вечерашниот дуел со Тиквеш на домашен терен со 31:30, додека Вардар убедливо го совлада Охрид со 27:18.
Алкалоид многу потешко стигна до победата, а најзаслужен е голманот Иван Галевски, кој успеа да го одбрани последниот удар на Тоше Ончев за изедначување. Алкалоид во најголемиот дел од натпреварот водеше со три разлика, а Тиквеш во три наврати изедначи (1:1; 7:7 и 30:30). Одбраната на Галевски во последната секунда беше негова вкупно седма.
Вардар без поголеми проблеми постигна нова победа против Охрид, најубедлива досега на последните пет дуели.
Нерешено завршија два од дуелите од 5. коло: Мулти Есенс – Младост 21:21 и Прилеп – Струга 29:29. Еурофарм Пелистер 2 – МРК Куманово 36:30 и вчера Бутел – Еурофарм Пелистер 21:34.
На чело на табелата со по 10 бодови се Вардар и Алкалоид, додека Еурофарм Пелистер има 9, а Охрид 7.
МИА




