Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 0-2 од Шкотска во натпревар од 3. коло од новата сезона во Б-лигата на нации.
Повторно одигравме слаб натпревар со само еден удар кон голот на противникот, кој тотално не надигра. Серијата само продолжува и Македонија сега е во низа од седум меча без гол
Во седмата минута Шкотите поведоа со 0-1 откако од далечина прецизно биеше Кирон Боуви.
Селекторот Седлоски уште во 30 минута да направи двојна замена. Од игра излегоа Херера и Станковски, а влегоа Атанасов и Џеков. До крајот на првиот дел остана предноста од еден гол за Шкотска.
Генон-Доак во 49. минута излезе сам еден на еден против Димитриевски, кој одново беше на висина на задачата. Само две минути подоцна Гаштаров стартуваше над Доак во нашиот шеснаесетник по што судијата Летексие покажа на белата точка. Сепак, по проверка на ВАР пеналот за Шкотска беше поништен.
Во 63. минута по еден каранбол во нашиот шеснаесетник Миовски играше со рака, па со проверка на ВАР, францускиот судија покажа на белата точка. Прецизен беше Џон Мегин за 0-2.
До крајот за издвојување е директниот црвен картон кој го доби шкотскиот фудбалер, Скот Мекена по опасниот старт над Агон Елези.




