Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, кои се лицето на нашиот град. Тука се среќаваат генерации, се пречекуваат гости и се создаваат спомени што остануваат за цел живот. Токму оттука многубројни туристи ја понесуваат својата прва слика за Скопје како град со душа, историја и препознатливо место на светската туристичка мапа. Затоа, овие симболи заслужуваат постојана грижа и внимание. Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја. А сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички, истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во рамките на овие активности се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за овие простори повторно да го добијат својот уреден и достоинствен изглед.

Дополнително, привршуваат активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост и за повторно пуштање во употреба на подната фонтана, која со години беше оставена да пропаѓа. Светлината и водата повторно ќе внесат живот и убавина во срцето на градот.




