Пред четвртата средба во групната фаза, во име на тимот на прес-конференцијата говореше Висар Муслиу.
Швајцарија не е само офанзивна силна репрезентација, имаат квалитет од голман до шпиц. Не може да говориме само за одбрана, затоа што ќе ни биде потребна тимска игра од напаѓач па до голман. Сите мора да учествуваме дефанзивно, ако сакаме да бидеме успешни и во одбрана. Се наоѓаме во тешка ситуација, нема резултати, а сите ги очекуваа затоа што го навикнавме народот со добрите резултати. Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот. Лигата Б се знае дека е поквалитетна и од тимски план и од индивидуален план. Но, мора нешто да покажеме. Не смее само противникот да се прашува.
Сите играчи знаат во каква ситуација сме, но не знам, можеби не е доволно она што го правиме од наша страна. Но, убеден сум дека сите што сме во соблекувална, знаеме за каква ситуација се зборува. Мора да направиме нешто за да бидеме подобри. Ние сме професионалнци и кога претставуваш држава, мораме на секој меч да се трудиме да бидеме подобри.
Ние сме луѓе, имаме емоции. Кога оди добро и никој ништо не кажува, нема голема работа. Но, кога има толку навреди кон некого, не е убаво. Знаеме што се случува, не сме наивни, но сега ни е најмногу потребна поддршката. Не е исто и за нас што немаме победа и гол, но мора да гледаме напред. Ние нормално, секој очекува поддршка, но и критиките имаат една граница. Да не оди преку тоа. Но, не можеме тоа да го контролираме ние. Чекаме поддршка на секој меч и сакаме секој да верува во нас. Како што имавме добри резултати порано, можеме и на наредните натпревари, во квалификации, во Лига на нации, да бидеме подобри“




