Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го заврши својот настап во квалификациите за Европското првенство, откако вечерва претрпе пораз на гостувањето кај Шведска со 2-0.
Домаќините го контролираа мечот и стигнаа до триумфот со по еден гол во двете полувремиња.
Резултатот го отвори Свенсон уште во 15. минута, додека сите дилеми околу победникот ги реши Нџие во 52. минута од средбата.




