Амеериканската скијачка Линдзи Вон повторно е дел од репрезентацијата на САД, иако сè уште се опоравува од тешката повреда заработена на Зимските олимписки игри во Кортина Д’Ампецо во февруари годинава.

Американскиот скијачки сојуз го објави списокот од 49 репрезентативци за сезоната 2026/27, а 41-годишната Вон се најде во А категоријата заедно со Микаела Шифрин, Бриџит Џонсон и останатите најдобри американски скијачки.

По операцијата ќе следи нова рехабилитација, по што ќе донесе одлука за продолжување на кариерата.

„Секогаш ќе ме најдете на планината. На овој или оној начин ќе бидам таму. Не знам кога ќе биде тоа и не знам со која брзина ќе се движам. Постојат многу неодговорени прашања кои ми се вртат низ главата и сè уште се обидувам да процесуирам сè. Не сакам да ја затворам вратата за натпреварувањето“, изјави Вон.