Кошаркарската федерација на Македонија изрече санкции и дисциплински мерки кон официјалните лица задолжени за натпреварот од Суперкупот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово.
Работата на двајца од тројцата судии е оценета како слаба и затоа е изречена суспензија од два и од четири натпревари. Судијата Боро Антовски ја доби подолгата казна, а втората е изречена за неговиот колега Никола Јакимовски.
Суспензија во должина од четири меча е изречена и за делегатот на натпреварот, Зоран Николовски, за, како што се вели, неуредно и непотполно спроведување на одлуки.




