Тренерот на Барселона, Ханси Флик, одржа официјална прес-конференција пред првенствениот натпревар против Хетафе.

„Прегледите покажаа одреден проблем. Не станува збор за сериозна повреда, но мораме да бидеме внимателни бидејќи минатата сезона тој имаше три повреди. Рафиња нема да игра утре, ниту против Галатасарај“, изјави германскиот стратег.

Репрезентацијата е репрезентација и за секого тоа е главната цел – да ја брани својата земја. Токму таков е ставот и односот на Рафиња. Тој секогаш го дава максимумот од себе. Треба да се запрашаме дали беше неопходно да игра во Австралија и да патува илјадници километри. Тоа е неверојатно. Треба да се избираат пријателски натпревари, но во Европа тоа не е можно поради Лигата на нации.

Кога бев во германската репрезентација, имавме можност да одиме во Аргентина, Бразил и Парагвај, но тоа беше затоа што имавме два или три пријателски натпревари. Сега тоа е невозможно.

Тоа е нормално, има голем притисок врз играчите. Нема натпревари на кои може да се испробаат други фудбалери и да се одморат оние што имаат поголема минутажа. Таква е ситуацијата и мораме да ја прифатиме. Начинот на кој се организираат работите не е најдобар, но морам да го прифатам тоа и да управувам со минутажата на моите фудбалери.

Затоа велам дека многу го ценам она што Де ла Фуенте го прави со моите играчи – тој е совршен. Сè е во ред, односите се одлични и многу ми е драго што го гледам тоа. Ова е најдобрата репрезентација во светот.“