„Ако целта на денешната политичка прес-конференција беше јавноста подобро да го запознае говорникот, тоа можеше да се направи и без ФФМ да биде повод за лична или партиска промоција“, реагираат од македонската куќа на фудбалот по денешниот обид за политичка манипулација.

„Фудбалската федерација на Македонија не е политичко тело и ФФМ нема да биде дел од политичкото милје, ниту ќе дозволи фудбалот да биде вовлечен во партиски пресметки.

Немаме намера да влегуваме во полемика со која било политичка партија и го почитуваме правото на секого да го искаже својот став.

Во моментов, ФФМ има многу поважни приоритети и нема да ја спушти комуникацијата на ниво на чаршиски муабети.

Не секоја прес-конференција заслужува одговор“, порачуваат од ФФМ.