Шефот на британската служба за внатрешна безбедност, МИ5, денеска изјави дека Иран се обидува да изврши напади врз воени објекти во Обединетото Кралство и дека заговорот за напад врз воздухопловната база Ферфорд, која е под американска администрација, откриен во септември, не е изолиран случај.

Директорот на МИ5, Кен Мекалум, изјави дека Техеран се обидува да ги интензивира нападите во Велика Британија со тоа што таргетира цели кои не се Иранци кои се против исламската власт. Тие вклучуваат палење и саботажа насочени кон еврејски објекти, за кои Велика Британија тврди дека биле извршени од поединци по налог на иранските власти.

Мекалум изјави дека друга „значајна промена оваа година се амбициите на Иран да напаѓа подобро заштитени цели, како што се воени објекти“.

„Инцидентот во базата Ферфорд не е изолиран случај. Имало и други примери, не само во Обединетото Кралство, туку и низ целиот свет“, рече Мекалум.