Американските власти денеска ги обвинија Кина и Русија дека во целост не ја имаат обелоденето својата нуклеарна програма и побараа поголема транспарентност.
Американската државна потсекретарка за контрола на вооружувањето и прашања за меѓународна безбедност Андреа Томпсон на состанок во Пекинг со претставниците на петте постојани земји членки на Советот за безбедност на Обединети нации истакна дека постојат „нееднакви резултати“ за транспарентност на нуклеарното оружје.
Состанокот се одржува кога е актуелен спорот помеѓу Москва и Вашингтон за примена на Договорот за нуклерани сили со среден дострел (ИНФ). На неодамна одржаните преговори помеѓу Русија и САД не беше постигна договор.Трамп ја обвини Русија дека го крши Договорот, а Москва демантираше.
Со ИНФ забранети се крстосувачките ракети лансирани од земја со дострел од 500 до 5.500 километри.
Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел е потпишан во 1987 година од страна на Роналд Реган и Михаил Горбачов.