Припадниците на Командата за операции на Армијата го одбележаа Денот на единицата со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово.

На свеченоста,  присуствуваа претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.