Канцеларијата на Обединети Нации за координација на хуманитарните работи (ОЦХА) денеска предупреди дека речиси 19,2 милиони луѓе во Авганистан претстојната зима ќе се соочат со несигурност на храната.
– Помеѓу септември и октомври, 15,9 милиони луѓе, или речиси еден од тројца Авганистанци, се соочуваат со акутна несигурност на храната на кризно ниво или повисоко ниво, изјави портпаролка на ОЦХА во Авганистан, Олга Черевко.
Според неа, пет милиони луѓе во Авганистан во текот на зимата најверојатно ќе се соочат со исклучително ниво на глад.
– Се очекува повеќе од четири милиони деца на возраст од шест месеци до пет години да имаат потреба од третман за акутна неисхранетост следната година, вклучувајќи речиси 1,1 милион деца со акутна неисхранетост. Околу една третина од центрите за исхрана се затворени или делумно прекинаа со работа поради намалување на средствата, наведе Червеко.
Таа предупреди и дека ограничувањата наметнати врз жените и девојчињата ја влошуваат кризата во Авганистан. Червеко, повикувајќи се на процените на УНИЦЕФ, посочи дека Авганистан би можел да изгуби до 20.000 наставнички и 5.400 здравствени работнички до 2030 година ако продолжат сегашните ограничувања.
Червеко повика на итна хуманитарна помош пред зимата, заедно со континуирани инвестиции во земјоделството, вработувањето, здравствената заштита и економските можности за жените.




