Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските хути, денеска објави дека уништила две балистички ракети испукани од групата поврзана со Иран кон Таиф и Јанбу.

Саудиската цивилна одбрана накратко издаде предупредувања до жителите за можна опасност во Таиф и Јанбу, како и во светиот град Мека и вториот по големина град во кралството, Џеда.

Околу десет минути подоцна, агенцијата објави дека опасноста поминала.

Пресретнувањето на ракетата се случи два дена откако хутите објавија дека го нападнале саудиското Министерство за одбрана во Ријад, објектите на саудискиот нафтен гигант „Арамко“ во градот Јанбу на Црвеното Море и Меѓународниот аеродром „Крал Фахд“ во Дамам, при што загинаа две лица, според саудиските власти.

Саудиските власти не ги потврдија нападите во Ријад и Јанбу.

фото: Архива