Претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите, се наведува во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално.

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!

Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен.

Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.

На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Линк: https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/pfbid0bzL25Skmqxb9srtsguCTba38DzMYtWRy9kn6DJfXMkWDDFLdF52gBVwA4B7TitTXl

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста