Фудбалската федерација на Македонија објави информации за продажбата на билетите за гостинскиот натпревар на нашата селекција против Шкотска на 13 ноември.
Македонските навивачи на „островот“ имаат посебен, гостински сектор со бројот А2 на западната трибина. Продажбата на билети ќе се врши исклучиво преку официјалните шкотски канали – Scottish FA – Online ticket sales. При купувањето на билетите, потребно е да се внесе промотивниот код: MACEDONIA_26.
Првично ќе се продаваат билети за секторот А2 кој има капацитет од 539 седишта, но доколку има потреба ќе се отвори дополнителен сектор со преку 800 седишта.
Натпреварот меѓу Шкотска и Македонија ќе се одигра на 13 ноември во 20:45 часот на стадионот „Хемпден Парк“ во Глазгов.




