Манчестер Јунајтед во досегашниот дел од сезоната се далеку од очекувањата, раководството на клубот од „Олд Трафорд“ реши да му даде нова шанса на Мајкл Керик.
По серијата слаби настапи и само една победа во првите осум кола во Премиер лигата, се очекуваше дека англискиот стратег ќе добие отказ.
Дополнителна причина за таквите шпекулации беше и фактот што неговиот договор не претставува голем финансиски товар за клубот. Сепак, челниците на Јунајтед решија да имаат трпение и да не брзаат со смена на тренерската позиција.
Особено внимание предизвика и одлуката на Карик да го изостави Бруно Фернандеш од составот за дуелот со Борнмут.
Португалскиот капитен претходно јавно ја коментираше тактиката на тимот за натпреварот против Комо, па неговото отсуство отвори дополнителни прашања и предизвика реакции во фудбалската јавност.




