Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров денес ги посети инспекторите и полициските службеници од ЕВР Ѓорче Петров и лично им се заблагодарил за брзата реакција, професионалноста и посветеноста во постапувањето по двата трагични настана во кои животот го загубија двајца жители на општината.
-Приведувањето на четворицата осомничени е значаен чекор во расветлувањето на случаите што длабоко ја потресоа нашата заедница. Во овие тешки моменти, одговорното постапување на полицијата е од особено значење за безбедноста на граѓаните и довербата во институциите. Изразувам искрено сочувство до семејствата и блиските на починатите. Загубените животи се ненадоместливи, а целосното утврдување на фактите и одговорноста останува обврска на надлежните институции, вели Стојкоски.
До инспекторите и полициските службеници од ЕВР Ѓорче Петров – благодарност за вложениот труд и за грижата за нашите сограѓани. Секој човек заслужува да се чувствува безбедно во својот дом и во својата општина, стои во објавата на градоначалникот.




