Вкупно 104 болни и немоќни лица и осум лица кои се наоѓаат во казнено-поправните установи го оствариле своето право на глас во пресрет на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Според податоците на Државната изборна комисија, од деветте пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи во државата, гласале осум лица.

Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, своето избирачко право го искористиле 104 лица.

Од ДИК соопштија дека гласањето во текот на денот се одвивало без проблеми и дека на сите гласачи им била овозможена непречена и слободна реализација на правото на глас.

Вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе се одржи утре.