Александар НИКОЛОСКИ, вицепремиер и министер за транспорт

Денеска во Кичево, заедно со градоначалникот Александар Јовановски и пратеникот Ѓоргија Сајкоски, извршивме увид во градежните работи за реконструкција на улицата „Рудничка“.Ова е проект што го реализираме преку Министерството за транспорт, во соработка со Општина Кичево, за што инвестираме околу 30 милиони денари. Еден дел од улицата веќе го работиме, додека претходната фаза е завршена со поддршка на Светска банка.Кичево е наш приоритет, општина каде на последните избори успеавме да избориме огромна победа.Над 360 милиони денари директна поддршка од Владата се насочени кон инфраструктурниот развој на општината. Тоа се конкретни проекти, за подобри улици, за подобра инфраструктура и поквалитетни услови за живот на граѓаните.Кичево има огромен развоен потенцијал и со изградбата на автопатската делница Охрид – Кичево и понатаму кон Букојчани, Гостивар и Тетово, отвораме нови можности за економски развој, инвестиции, бизнис и нови работни места.