Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против тројца жители на Гостивар, на возраст од 54, 60 и 34 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според пријавата, на 17 јуни 2026 година, во казино во Гостивар, по претходна меѓусебна расправија, настанала физичка пресметка меѓу тројцата пријавени, при што биле употребени и метални предмети.