Не може Македонецот, но и секој чесен, надежен или загрижен граѓанини или жител на Брвеница, па и на Македонија да не почувствува бес од пазарот со гласови во оваа општина на вонредните избори за градоначалник. Прво бес поради тројанскиот коњ ВРЕДИ, а потоа и од лузерската СДСМ која исто така не вреди. Двете партии никако да научат дека честа си е чест, доброто за граѓаните е добро за сите. Едните, ВРЕДИ ја продадоа граѓанската кауза за ситни пари на ДУИ – на тие кои секој ден ги обвинуваат за профитерство, продажба на албанските национални интереси, за кражби, за криминал, за се најлошо што и се случило на Македонија.
И види чудо. За една вечер да се смени се. Етничкото да е поважно од граѓанското. Криминалната соработка со ДУИ да е поважна од правото, а апашлакот да е поважен од честа. Да, честа со која утре повторно ќе бараат полагање правосуден испит на албански, ќе бараат нов балансер, некаков нов Бадинтер и слични работи на кои им уринираа со предавството на владините принципи и честа во владината колаиција. Навистина со кој образ утре повторно ќе плукаат по ДУИ, ќе бараат надреални права на Албанците, кога всушност тие барале права за ДУИ.
Не така одамна, лани лидерскиот двоец на ВРЕДИ Изет Меџити и Билал Касами молеа за глас од Македонците во Чаир и Тетово. За само една година, ефтино за пет пари ја продадоа довербата и победата за која придонесоа и Македонците.
А, СДСМ е друга приказна, можеби и полоша. Толку поинаква што се мери со статистичка грешка на рејтингот, далеку и зад ВРЕДИ по бројот на освоени гласови во Брвеница. А можно е многу скоро и зад сите на предвремени парламентарни избори. Кога премиерот Мицкоски велеше дека не сакаат предвремени избори, освен ако не ги предизвика опозицијата, по Брвеница тој е предизвикан и од опозициските СДСМ и ДУИ и од владиниот ВРЕДИ.
А, лудилото на прогласување победа, во тежок пораз од страна на Филипче продолжува. Толку е опиен од ,,победата‘‘ што му се радуваше и на поразот на Стојанче Радичевски во Брвеница. Но, што да се очекува од човек кој постојано ниже порази, а ги прогласува за победи. Секој еден глас помалку за граѓаните и за Македонците, за Филипче е победа за СДСМ, но само низ неговата диоптрија и кокаинската диоптрија на малиот Фрчко, на дипотријата на српскиот лузер, Башановиќ кој ,,победничко‘‘ евро-прибежиште најде кај најлузерската партија во Македонија. Само Башановиќ веројатно може да го убеди царот Филипче дека не е гол, туку облечен во победничка одора.
Всушност, Брвеница покажа кој бил газда во владата на СДСМ. ДУИ биле тие и што одлучувале и што играле фудбал и баскет во кабинетите. Тие ни ги кроеле француската судбина и бугарската мрежа. Тие кои Заев, Ковачевски и Филипче не смееа накриво ни да ги погледнат, а не па да им преречат. Тие се тие лакеи кои чекаат на ронките од богатата софра на ДУИ, кои креваат 2 прста и кога сакаат да проговорат и кога сакаат да одат во тоалет. Тое се тие, Филипче и СДСМ кои и родена мајка би си продале, а не пак Брвеница или Македонците само за да ги пофалат Ахмети или колегата му на Филипче, Бујар Османи. А, ако бидат добри може и некоја коска во форма на тендерче, џипче, плацче да им се падне како долго очекувана василичарска паричка. Паричката е најважна за Филипче, но не и за Македонците, за државата, за честа. Честа големиот неврохирург одамна ја има хируршки отстрането од СДСМ-овскиот расипан мозок.
Затоа секогаш кога Али Ахмети ќе им порача, како во изборната вечер од Брвеница дека: „Македонија не му припаѓа ниту на Христијан ниту на Бранко Црвенковски, Македонија е татковина на Албанците. Ние сме автохтони, ние сме државотворци и ние сме господари на оваа земја“, тогаш Филипче молчи оти за него тоа е вистина, а Ахмети е газда
Можеби е време стравот на Филипче од алиби за предвремени избори да се оствари. Така и тој и ВРЕДИ ќе си го најдат вистинското место, првиот во исчезнување, а вторите во длабока опозиција
ПС
Малку и за „забранетата прес-конференција“ за лидерот на СДСМ во предизборен молк. Еве како „навредениот“ Филипче, мали Фрчко, Башановиќ кумот на лузерот Вучиќ и српскиот ПР на СДСМ го сфаќаат предизборниот молк воведен со закон со децении: Ние ќе плукаме, клеветиме, лажеме, а вие не смеете да возвратите и одговорите, оти ние не учествуваме на изборите, а вие учествувате!? Кој е овде луд, збунет или ненормален?!




