Во изборот за идеалниот тим на ФИФПро за 2026 година ќе учествуваат најголемите фудбалски ѕвезди, а меѓу кандидатите се најдоа Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Хари Кејн, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.
Меѓународното здружение на професионални фудбалери соопшти дека гласањето е завршено, а во него учествувале дури 19.806 фудбалери од 75 земји.
Покрај споменатите ѕвезди, на списокот се наоѓаат и Ерлинг Халанд, Џуд Белингам, Винисиус Жуниор, Педри, Мајкл Олисе и други истакнати имиња од европскиот и светскиот фудбал.
Интересно е што списокот на кандидати во голема мера се совпаѓа со изборот за Златната топка, односно со 30-те најдобри во тоа гласање. Сепак, петмина фудбалери се најдоа на листата на ФИФПро, но не и меѓу кандидатите за најпрестижното индивидуално признание.
Станува збор за Емилијано Мартинез, Тибо Куртоа, Енцо Фернандес, Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо.
Конечните состави во двете конкуренции ќе бидат објавени на 9 ноември преку официјалните профили на ФИФПро на социјалните мрежи.




