Крим полиција при МВР повторно е на терен. Неофицијално дознаваме дека полициски службеници од СВР Штип, во координација со Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје и компјутерски криминал вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје, објави Курир.

Од информациите кои ги добиваме се сомничи лице кое вработено на УГД Штип како раководител на ИТ сектор и подолг период манипулирало со внесување бодови од испити, запишување семестри без услови, бришење оценки, претежно на студенти од Турција, за што наплаќал одреден паричен надомест.

Првично пронајдена е голема сума на парични средства во домот на осомничениот.

Полициски службеници вршат претреси на повеќе локации во Штип и во Скопје поради сомнежи за долготрајни манипулации со студентски оценки, испитни бодови и досиеја на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во фокусот на истрагата е вработен на Универзитетот, раководител на ИТ-секторот, за кого постојат сомнежи дека незаконски интервенирал во електронската евиденција на студентите.

Според информациите, во акцијата учествуваат полициски службеници од СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје и службите за компјутерски криминал.

Неофицијалните сознанија упатуваат на сомнежи дека осомничениот подолг временски период менувал испитни бодови, бришел оценки и овозможувал запишување семестри на студенти кои не ги исполнувале потребните услови.

Според истите извори, сомнителните интервенции претежно се однесувале на студенти од Турција, а постојат сомнежи дека за ваквите услуги бил наплаќан паричен надомест.

При досегашните полициски активности, во домот на осомничениот наводно била пронајдена поголема сума пари. Станува збор за првични информации од истрагата, а засега нема потврда за точниот износ, ниту за тоа дали парите се поврзани со делата што се предмет на постапката.