На регионалниот пат Струга-Охрид, лишен од слобода е С.Н.(56) од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, му констатирале 2,06 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.




