Александар Насковски не успеа да ги изманипулира професионалните војници. На протестот денес доживеа дебакл бидејќи не му дозволија да ги измамупулира во обидот да решава замислени проблеми додека тие реалните проблеми ги решија низ дијалог.
Додека тие искажаа благодарност за решавање на статусот, зголемувањето на платите во Армија и Одбрана и подобрување на условите, Насковски со нелогични обвинувања сакаше да тера политика на улица.
Според фотографијата од терен, можете јасно да видите колкава поддршка има.

Независниот синдикат на одбраната (НСО), како најголем и репрезентативен синдикат на вработените во Министерството за одбрана и Армијата, остро се спротивстави на обидите за манипулација и вовлекување на припадниците на Армијата во протести кои не ги одразуваат нивните синдикални вредности и принципи.
-Особено сме против протести организирани од поранешни припадници на Армијата, кои зад синдикалната реторика промовираат политизирани интереси и доктрини. Нашиот пат е ДИЈАЛОГ, А НЕ УЛИЦА, порачаа тие.
Од НСО потенцираа уште вчера дека токму преку дијалогот што е во тек се постигнаа конкретни резултати:
-Историско решение за статусот на професионалните војници по навршување 45 години.
-Зголемување на платите за 10% на сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата.
Велат дека НСО продолжува да преговара за правата и достоинството на сите вработени, одговорно и преку институционален дијалог.




